Говорот на телото открива многу за една личност, но што навистина претставуваат вкрстените раце?
Одамна научивме дека говорот на телото открива многу за една личност. Ако некој ги држи рацете скрстени, многумина мислат дека не е отворен за комуникација и на овој начин несвесно, но и јасно му става до знаење на некого дека не сака многу да открива. Има ли вистина во тоа?
Луѓето ја посвојуваат позата со вкрстени раце многу повеќе во јавност отколку кога се сами. Мажите се тие кои го прават тоа почесто и се смета дека на овој начин сакаат да бидат помоќни. Во општеството, посилниот пол секогаш се корегира кога е во прашање положбата на телото, бидејќи се верува дека на тој начин би ја совладале „конкуренцијата“. Жените ќе ги прекрстат рацете само во еден случај – кога им е непријатно поради машкиот поглед. Еве ги причините за вкрстените раце:
Нервоза
Оваа позиција им помага на луѓето да надминат одредена психолошка напнатост како нервоза и страв. Освен скрстени раце, луѓето често знаат да го допрат и вратот, што е основен знак на несигурност, нервоза и напнатост што ги чувствува човекот.