Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, станала ѕвезда од насловната страна на октомвриското издание на магазинот Вог за турскиот пазар.
За нејзиниот изглед се заслужни Џејлан Атинч, Џон Олет и Јоланта Седро, а фотографиите ги направил Арсени Јаблев. Својот ретро изглед Дева го комплетирала со луксузен накит од Картие.
Дева е родена во 2004. година и уште од детството знаела дека сака да ги следи стапките на нејзината мајка. Таа порасна далеку од очите на јавноста, а со модата почна да се занимава пред две години.
View this post on Instagram
Да потсетиме, таа на крајот на минатиот месец ја носеше ревијата на „Долче и Габана“ на модната недела во Милано. Таа воодушеви со ноќницата од тантела, црн градник и гаќички и свилени чорапи.
View this post on Instagram
„Таа е новата Кејт Мос“, напишал еден корисник на Твитер.
„Пред неа е светла кариера“, додал друг.
Фото: Принтскрин/Instagram