(ВИДЕО) РИЈАНА БРЕМЕНА! Популарната пејачка го чека своето прво дете со раперот, во кратка јакна го покажала стомачето!

Пејачката Ријана и раперот АСАП Роки официјално го очекуваат своето прво дете.
Двојката во петокот била забележана како се шета низ Њујорк, а пејачката не се потрудила да го сокрие својот стомак, всушност тоа гордо го покажала и покрај ниските температури и снегот.Ријана (33) се фотографирала во розова јакна, која ја носела отворена под градите, покажувајќи го трудничкиот стомак, а веста веднаш го обиколи светот.

View this post on Instagram

A post shared by Page Six (@pagesix)


Пејачката веќе извесно време е во хармонична врска со раперот АСАП Роки, кој конечно ги потврди повеќемесечните шпекулации во мај оваа година.
– Таа вреди како милиони други. Мислам дека кога знаеш, тогаш знаеш – изјавил Роки за GQ и додаде:


View this post on Instagram

A post shared by Page Six (@pagesix)


– Таа е вистинската.
Првото озборување за врската помеѓу Ријана и АСАП Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, започна во 2013. година, кога заедно се појавија во видео, а тој ја придружуваше на „Diamons World Tour“, а потоа со години се појавуваа заедно од време на време.

View this post on Instagram

A post shared by LE BANANA (@lebananas)


Фото: Принтскрин/ Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …