Рибри од островот Сахалин во Русија дефинитино не очекувале примерок од џиновската риба „буцањ“ од 1.100 килограми кога во саботата се затресла нивната мрежа.
Огромната риба, која се смета за вистинска посластица во поедини култури, за жал не го „преживеала“ транспортот. Наместо да ја извадат од морето рибарите три дена ја влечеле со реморкер, а месото на крај почнало да гние.
Мажите немале друг избор освен месото да го фрлат на мечките и другите диви животни во околината на градот Курилск, пренесува Раш тудеј.

(ВИДЕО) Рибари уловиле грдосија од 1.100 килограми
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.