Со импресивна цена од околу 54.5 милиони долари, оваа спектакуларна вила со 11. спални соби е веројатно и еден вид на ултимативен приватен дом сместен токму во Дубаи, а како бонус доаѓа и неверојатно луксузниот поглед…
Дел од оваа вила е и ноќен клуб во којшто може да присуствуваат и до 200. лица! Таа се наоѓа на едниот крак од прекрасниот Палм Јумерах и има своја приватна плажа на овој неверојатен вештачки архипелаг. Секако, погледот којшто се нуди низ нејзините прозорци е во најмала рака импресивен. Собите со стаклени ѕидови имаат поглед кон плажата и тиркизните води на заливот, додека во позадината се гледа и панорама на градот, вклучувајќи ги Бурј Ал Араб и Дубаи Марина.Вилата се наоѓа на имот од 6.000 метри квадратни, а нуди околу 4.500 метри квадратни простор – 11 спални соби и 15 бањи.

(ФОТО) Ненадминливо луксузна вила во Дубаи… “Ѕирнете” и обидете се да останете рамнодушни
Страни: 1 2
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.