Има повеќе од два милиони прегледи, а комбинацијата ветува
Рецептот за едноставен намаз со фета сирење и лук ќе ве воодушеви.
Ако сакате фета сирење, направете фантастичен намаз кој можете да го намачкате на топла домашна лепиња или леб. Лесно се прави, сите состојки соединете ги во блендер. Ароматичниот лук во комбинација со фета е одличен, а овој намаз за кратко време стана популарен на социјалната мрежа TikTok каде го видоа над два милиони луѓе.
@moribyan Whipped Feta Dip! Can’t get enough of adding #hothoney to everything and anything 🍯 @NatureNatesHoney ♬ Lo-fi hip hop – NAO-K
Состојки:
500 гр фета
1 главица лук
1 лажица мед
маслиново масло по желба
Подготовка: Испржете цели чешниња лук, па во блендер ставете фета, мед и зачини по желба.
Добро изблендирајте и вашиот намаз е готов! Можете исто така да додадете некој пикантен зачин ако сакате лути намази.
Фото: Принтскрин/TikTok