(ВИДЕО) ПРЕЖИВЕАЛА ПО НЕКОЕ ЧУДО – ДЕВОЈЧЕ ПОМИНАЛО ПОВЕЌЕ ОД 40 ЧАСИ ВО УРНАТИНИ ВО СИРИЈА: Потоа дошле спасувачите, снимена НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА!

По разорниот земјотрес што во понеделникот рано наутро ги погоди југот на Турција и Сирија, веќе трет ден има видеа од спасувањето на многу луѓе од урнатините, меѓу кои и деца, додека очите на целиот свет се насочени кон спасувачите кои прават се за да спасат што е можно повеќе заробени луѓе.
На официјалниот профил на спасувачката екипа на невладината организација „Бели шлемови“ е објавено видео на кое се гледа како спасувачите го извлекуваат девојчето од урнатините на куќата откако таа поминала 40 часа во нив.


Иако детето поминало речиси два дена заробено во ѕидовите на урнатата куќа, за чудо девојчето не било тешко повредено.
Сцената на спасувањето на девојчето е снимена во градот Салкин, во провинцијата Идлиб.
Турската агенција за катастрофи објави нови бројки за загинатите во земјотресот. Во Турција загинаа 6.834 лица. Бројот на повредени се искачи на 37.011, соопшти агенцијата, додавајќи дека повеќе од 79.000 луѓе се ангажирани во операциите за пребарување и спасување на турската страна од границата.
Во Сирија загинаа 2.870 лица, со што вкупниот број на загинати се искачи над 9.000, а се очекува тој да продолжи да расте во текот на денот.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …