(ВИДЕО) ПРЕД ЕДНА ГОДИНА КОРОНАТА ЈА ОДНЕЛА ПРВАТА ЖРТВА: Сега Вухан станал корона оаза – еве како таму се живее!

Пред една година, Кина ја објави првата смрт од новиот коронавирус во Вухан – 12 месеци подоцна, ковид-19 однесе 1,9 милиони животи во неуморна кампања низ целиот свет. Меѓутоа, во тој град со 11. милиони жители во централна Кина, каде што избувна првата позната инфекција, вирусот беше поразен.
Во понеделникот наутро, годишнината останува незабележана во Вухан – луѓето можат слободно да одат на работа, парковите и шеталиштата покрај реката се полни со пешаци во градот решени да се борат со коронавирусот до крај.
Во оскуден извештај од 11. јануари 2020. година, Кина ја потврди својата прва смрт од непознат вирус – 61-годишна жена која била редовен клиент на сега веќе неславниот пазар во Вухан, поврзан со многу рани случаи. Светот наскоро на теменн начин се запозна со смртоносната болест ковид-19.
Сè уште се знае малку за првата жртва, вклучувајќи го и нејзиното име, додека пазарот на кој беа откриени првите пријавени групи случаи остана затворен.
Независни експерти допрва треба да добијат пристап до пазарот или детална реконструкција на тие рани денови на вирусот во Вухан. Градот сега се опорави и е горд на своето заживување.
„Вухан сега е најбезбедниот град во Кина, дури и во целиот свет“, изјавил Ксионг Лиангшенг, 66-годишен жител, во понеделникот, додека десетици парови танцувале во паркот на утринското сонце, некои со заштитни маски.


Луѓето патуваат на работа, други одат покрај брегот на реката – остар контраст со земјите кои сè уште се под строги блокади и ограничувања.
„Свеста кај жителите на Вухан за спречување и сузбивање на епидемијата е многу висока – дури и мојот двегодишен внук ќе носи маска кога ќе излезе“, рекол Сионг.
Кина се соочи со критики, дома и во странство, за првично справување со вирусот, вклучително и обиди да се замолчат свиркачите и неуспехот да се пријават случаите на почетокот на јануари. Две недели по потврдата на првата смрт, Вухан и околната провинција беа ставени под блокада. Сообраќајот беше прекинат, а училиштата беа затворени во обид да се ограничи кластерот.
Се’поголеми се стравувањата дека плановите стотици милиони луѓе да патуваат за лунарната Нова година може да пропаднат следниот месец, како што се заоструваат мерките за контрола на вирусот. Сепак, ова е само мал дел од дневниот број на лица заразени во САД, Велика Британија и многу европски земји.
Според непроменетите официјални податоци во Кина, 4634 лица починале од ковид-19.

Еkran.mk/Net.hr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …