Актерот Ентони Хопкинс (83) освојувањето на Оскарот го прославил со танц со актерката Селма Хајек, а видеото беше објавено на социјалните мрежи.
Хопкинс ја освои наградата за најдобра машка главна улога во филмот „Татко“.
Со песната „Dance me to the end of love“ од Леонардо, Селма и Ентони танцувале во неговата вила во Велс.
Селма го објави видеото на својот Инстаграм профил, кое набрзо собра над четири милиони прегледи, како и бројни коментари и честитки.
„Прославата со кралот Ентони Хопкин за неговиот втор Оскар за извонредната улога во ‘Татко’“, напишала актерката.
View this post on Instagram
Ентони го остави својот коментар на Инстаграм.
„Ви благодарам, кралице, за вашата љубов и смеа. Незаборавен, убав ден“, одговорил Хопкинс.
Салма и Хопкинс се пријатели многу години, а таа беила со него кога тој бил почестен со sвезда на холивудскиот Булевар на славните.
Фото: Принтскрин/Instagram