(ФОТО) Потресна приказна која се крие зад еден ултразвук

Емили Кристин Фовер со нејзиниот сопруг по осум недели од бременоста била на ултразвук, кога ја дознала тажната вест дека имала спонтан абортус. На својот Facebook профил таа ги сподели своите болки и страдања, а потоа им порача на другите жени дека не се сами.

Како и повеќето бремени жени, и Емили Кристин Фовер истражувала сè што можела пред да замине на посета на својот лекар во осмата недела од бременоста, пишува Miss7mama.
Поминала извесно време во потрага по фотографии од други ултразвуци по осум недели од бременоста, па добро знаела што може да ја чека на прегледот.
Сепак, нејзиниот ултразвук изгледал поразлично од оние што ги видела на Интернет и знаела дека имала спонтан абортус уште пред да и каже лекарот. Повеќето фотографии од осумнеделниот ултразвук покажуваат веќе формиран фетус, но таа не видела ништо. Таа не можела да го види обликот на своето бебе, а техничарот кој направил ултразвук бил многу тивок и мирно ја напуштил собата.


Емили ја споделила фотографијата со ултразвук на Facebook, а набрзо станала вирална.


„Ме испратија дома да го лекувам моето тело. Чувствував сè, а ништо не се покажуваше. Мојата докторка не ме испрати дома без предупредување и таа беше во право за сè. Но, она за што таа не ме предупреди беше болката што ја чувствував после скршеното срце и страдањето“, напишала Емили.

„Таа не ми рече дека со недели потоа, моето тело ќе ме потсетува на болката низ која минав затоа што ќе му требаше толку време да се ‘исчисти’. Таа не ми рече дека ќе морам да го гледам мојот сопруг како плаче. Таа не ми кажа колку е тешко да и кажам на мајка ми што се случи. Таа не ми кажа како моето тело ќе мисли дека е сè уште бремено и во следните недели“, продолжува Емили.


Таа не е единствената жена што некогаш била целосно неподготвена за физичките и емоционалните последици што доаѓаат со спонтан абортус, а причината за тоа е многу едноставна: за тоа ретко се зборува. И покрај фактот дека значителен број на бремености завршуваат пред првиот тримесечје, ретко можеме да слушнеме лични приказни за жени кои претрпеле загуба на бременост. Вакви приказни обично не се предмет на телевизиски емисии или филмови, иако илјадници храбри жени ја споделуваат својата приказна.

(PLEASE read before commenting) I had to pee so badly but they wouldn’t let me go. They said I needed a full bladder…

Posted by Emily Christine on 17. siječnja 2017

Веројатно затоа објавата на Емили е споделена над 33.000 пати, а бројот продолжува да расте. Таа ја споделила својата приказна да не стане хит на социјалните мрежи, туку да им помогне на многу жени да сфатат дека не се сами.

На самиот крај од својата приказна, таа напишала: „Тоа е мојата надеж за вас… Се надевам дека нема да се чувствувате како да сте сами. Се надевам дека ќе си дозволите да плачете. Се надевам дека ќе видите светло на крајот од тунелот. Се надевам дека и покрај тоа што вашата вера беше ставена на испит, сепак ќе бидете силни. Се надевам дека ќе го пронајдете вашиот мир. Се надевам дека нема да се плашите да се обидете повторно. Се надевам дека нема да се обвинувате себеси. Се надевам дека пријателите малку посилно ќе ве прегрнат. Се надевам дека ќе му дадете надеж и на некој друг. Се надевам дека си светлината во најтемното време… И се надевам дека ќе го прославиш животот на тоа дете колку што ќе го прославиш животот на следното дете затоа што, без оглед на тоа колку кус бил животот, заслужува да се слави – исите гутоци треба да се оплакуваат…“.

Фото: Принтскрин/Instagram/Emily Christine Fauver

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …