(ВИДЕО Пожарникари се обиделе да изгаснат „Порше“, но се среќаваат со многу изненадувања…

Видеото во кое пожарникарите се обидуваат да изгаснат пожар на „Порше“ станал вирален поради еден мал детал.
Париз и „Порше“ очигледно не се во добри односи. Откако кон крајот на минатата година Жолтите елеци „го уништиле кровот“ на еден „911“, сега со еден „Кајман“ се пресметале париските пожарникари. Видеото нема никаков опис и не е познато од кога е настанот, но намногумина ќе им остане во сеќавање.
Со оглед на тоа дека снимателот говори португалски, а видеото се појавило на Фејсбук страницата на RJPC (Rio de Janeiro Porsche Club), може да се верува дека го снимил бразилски турист за време на посета на Париз. Ја прикажува пожарникарската екипа во жарот на борбата со огинот кој го зафатил Поршето. Притоа, во потрага по изворот на огинот се обидуваат да го отворат предниот капак на „Поршето“. Според едни, тие навистина го барале моторот како потенцијален извор на огин, а други тврдат дека го барале акумулаторот за да се обезбедат од огинот.
Додека двајца пожарникари буквално го натопуваат ентериерот, преостанатите тројца се обидуваат да го отворат предниот капак. И, откако конечно ќе успеат, следи изненадување – наместо мотор таму е просторот за багаж. Бргу го губат интересот и си заминуваат со незавршена работа.
За жал, нцелиот настан и притоа да се забавуваат на туѓа мака.


Onde foi parar o motor …????


Gepostet von Rio de Janeiro Porsche Club – RJPC am Montag, 11. Februar 2019

Screenshot: Rio de Janeiro Porsche Club/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …