(ВИДЕО) Секој би посакал ваков сосед: Комшијата спречил, со возачки маневри, крадците да го однесат возилото!

Крадецот се мачел да замине со автомобилот и неколку пати го удрил џипот од страна, пред да успее да се качи на тротоарот и да побегне…
Безбедносните камери снимиле четиричлена банда среде кражба и еден сосед кој решил да ги запре на многу интересен начин.


На снимката за која се верува дека настанала во Ковентри, Англија, се гледа како четворицата крадци излегуваат од автомобил и влегуваат во една куќа. Потоа, тројцата од нив влегуваат во возилото со кое дошле, а еден од нив одлучил да го украде белиот автомобил кој бил паркиран пред една куќа.
Меѓутоа, крадецот бил забележан од соседот кој живеел отспротива и кој веднаш влегол во својот „Ренџ Ровер“ и му се испречил на патот.


Крадецот се мачел да замине со автомобилот и неколку пати го удрил џипот од страна, пред да успее да се качи на тротоарот и да побегне.
Сепак, храбриот сосед не се откажал и продолжил да го брка. Не е познато дали крадците биле приведени, а снимката стана многу брзо вирална на социјалните мрежи каде корисниците го фалат пожртвуваниот сосед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …