(ФОТО) Награди на Берлинале 2019: Надал Лапид доби Златна мечка за „Synonyms“

Заврши годинешното издание на Берлинале, а Надал Лапид со „Synonyms“ ја освои престижната награда Златна мечка за најдобар филм.


Ангела Хелмер била наградена со Сребрена мечка за најдобар режисер за филмот “I Was at Home, But”, според жирито со кое претседаваше Жулиет Бинош, а двете главни награди за најдобри актери отидоа кај ѕвездите од “Di jui tian chang” (Догледање сине) на Ванг Хиаошуи…


Златна мечка за најдобра филм – “Synonyms” на режисерот Надал лапад
Сребрена мечка, награда на жирито – “Grâce à Dieu” (“By the Grace of God” – Божја милост), во режија на Франсоа Озон, а кој говори за педофилијата во црквата.

Почесна Златна мечка за животно дело оваа година добила британската глумица Шарлота Ремплинг и неа во чест било прикажано култното остварување од 1974. година „Ноќен портир“, на италијанската режисерка Лилиана Кавани.
Доделувањето на наградите минала во атмосферата на одавање почест на починатиот Бруно Ганц, кој се смета за еден од најголемите глумци од германското говорно подрачје. Директорот на фестивалот Дитер Кослик изјавил дека Ганц е сега навистина на небото над Берлин, алудирајќи на филмот „Небо над БерлинБ“ на Вим Вендерс во кој глумецот игра ангел.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Две години без нашата уметница Андријана Мациев

Андријана Мациев е родена на 16 септември 1980 година во Скопје. Средно образование завршила во …