Татко на тригодишните, еднојајчани близначки, Сајмон Хупер, признал дека не ги разликува ќерките Оти и Делила.
Имено, девојчињата една на друга личат како јајце на јајце поради што Хупер, вели, од раѓањето не е сигурен која е која.
„Денес поминав 45. минути играјќи си со нив и погодувајќи која е која. Сериозно размислувам на една да и ја избричам главата. По ѓаволите и локните – поважно е да можеш да ги идентификуваш сопствените деца“, се пошегувал на својот профил на Инстаграм кој го следат повеќе од 923. илјади луѓе.
Насмеал бројни родители на близнаци на кои неговиот проблем им е многу добро познат па му дале неколку совети:„Погледни ги забите“, „Обрни внимание на устата и делот под очите“, „Моите дечиња следната недела ќе наполнат четири години и сеуште ми е тешко да ги разликувам. На главата имаат налепници со првата буква од името“
Хупер објаснил дека на девојчињата од раѓањето им се обраќа со „оваа“, „онаа“ и „близначки“ и се надевал дека со текот на времето ќе може да ги разликува но во тоа му отежнува сопругата Клеми Хупер која девојчињата ги облекува исто.
Фото:Instagram