Дневен хороскоп за недела, 17.02.2019:Денот е одличен а нови почетоци, за стекнување нови пријатели, за вљубување или за смирување, ова е ден кога „НЕ“ не постои!

Продолжуваме со мирниот период, неделата е одличен ден за нови почетоци, за стекнување нови пријатели, за вљубување или за смирување со некој со кого сте биле во лоши односи. Би можело да се каже дека е романтичен ден.
Венера денес ќе го контролира вашето однесување па препуштете и се и денот посветете го на саканата личност, пријателите, семејството. Изненадете некого со некоја ситница,изненадете со порака, повик, средба. Оние кои се вљубиле денес би можеле да тргнат чекор понатаму, како и оние кои се во врска, денот кога „НЕ“ не постои.
Бидете убави, среќни, вљубени, задоволни – денес!

Овен
Работа
Важно е да бидете забележани на различни страни и во таа смисла да ги користите своите
најсилни адути што ги имате. Големите амбиции понекогаш носат бројни нови предности
и позитивна доминација во однос на соработниците.
Љубов
Не му давате на партнерот многу простор за слободен избор, но за среќа вие делувате
многу убедливо и заводливо. Свесно го користите вашиот шарм во потполност.
Здравје
Склони сте кон настинки.


Бик
Работа
Подготвени сте за професионални докажувања под различни услови. Обрнете внимание
на некои корисни информации што ќе го олеснат вашиот пат до успехот. Сметајте на нечија
поддршка кога сте во „критични ситуации”.
Љубов
Задоволството што го чувствувате во нечие друштво може да ве наполни со позитивна енергија и да ги поместите вашите субјективни граници. Уживајте во блиското друштво.
Здравје
Ќе би годи одмор и опуштање.

Близнаци
Работа
Со цел да постигнете извонредни резултати, вие се согласувате на одредена импровизација. Понекогаш без поголем ризик, не постои забележителен успех или поголем одзив кај соработниците. Ќе се покаже дека имате добри бизнис проценки и решенија.
Љубов
Избегнувајте емоционални контрасти во реакциите, збунувајќи го вашиот партнер со некои идеи или чести промени во мислењето. Тешко е да го следите вашиот ритам кога ќе се потпрете на него.
Здравје
Добро се чувствувте.


Рак
Работа
Имате доволно искуство за реално гледање на сите предности или недостатоци кои
произлегуваат од можно деловно здружување. Размислете за тоа, интелектуални способности се од клучно значење за оценување на добрата деловна можност што ви се нуди.
Љубов
Тешко е да се ослободите од идеите што ги имате, но се чини дека некој нема доволно
разбирање за вашите емотивни потреби. Без оглед на сè, не потонувајте во меланхолично
расположение.
Здравје
Контролирајте го притисокот.

Продолжува на следната страна…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …