(ВИДЕО) Посни сармички со една необична состојка: Рецепт кој ќе ве освои!

Дали некогаш би ви паднало на памет во филот за посни сарми да ставите малку суво овошје? Треба да пробате!
Состојки: 1 главичка кисела зелка, 1 главичка кромид, 1 поголем морков, 1 поголем компир, 200 г измиен ориз, 2 лажици ајвар, малку суви сливи, мелен црвен пипер, толчена црвена пиперка, сол, црн пипер, масло, ловоров лист, 4 – 5 чена лук.
Подготовка:на масло испржете ги ситно сечканиот кромид и рендан морков. Во тоа додајте ги ренданиот компир и ориз. Додајте ајвар, црвен пипер, толчена пиперка, сол, дел од лукот, се измешајте.
Листовите одвојте ги од главицата и подгответе ги листовите па виткајте сарми. Редете во длабок лонец, исправено.Врз сармите ставете ја останатата ситно сечкана зелка, малку ајвар, суви сливии масло и уште малку лук. Нафрлете неколку ловорови листови. Налијте со вода и оставете на тивко, откако ќе зоврие, да се вари околу 2,5 часа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …