Како последица на долго боледување на 48-годишна возраст почина кралицата на поранешната хрватска танц-сцена, Даворка Ручевиќ, попозната како Касандра.
Според хрватските медиуми, пејачката имала ендометриоза. Касандра претходно во интервјуа изјавила дека не може да оди и дека здравствената состојба и се влошила.
Во раните 1990-ти, Касандра беше кралица на денс музиката. Таа се прослави со хитот „Не си единствениот на светот“, а подоцна во далечната 1994. година настапи на Задарфест каде се претстави со песната „Казна“. Во Хрватска нејзините видеа сè уште се сметаат за најскапи.
Сепак, во екот на нејзината популарност, таа ја напушти сцената и долго време не беше видена во музичките кругови. Нејзината болест не и дозволувала да пее, што најмногу го сакала на светот.
Во меѓувреме, нејзиниот менаџер Зоран Шкугор најави враќање, но тоа не се случи.
Фото: Принтскрин/YouTube