Европската комисија донесе одлука за ковид пасошите

Денеска Европската комисија донесе одлука за промени во употребата на ковид пасошите за идната година.
Граѓаните ќе можат да го користат Ковид пасошот девет месеци без бустер доза од вакцината, а новите правила ќе стапат на сила од 1. февруари.
Новите правила важат за сите 27. членки на Европската унија, но може да бидат блокирани од квалификувано мнозинство од владите на ЕУ или од просто мнозинство од членовите на Европскиот парламент. Сепак, официјалните лица веруваат дека има доволно поддршка за спроведување на правилата.

При објавувањето на одлуката, ЕК наведе дека усогласениот рок на важност на пасошот е неопходен за безбедно слободно движење и координација на ниво на ЕУ.


Фото: ec.europa.eu

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …