(ВИДЕО) ПОРАДИ ОБЛЕКАТА ЈА НАПАДНАЛЕ ВО ПРОДАВНИЦА: И рекле дека не се почитува себеси и дека за малку ќе дошла ГОЛА, а еве како изгледала!

Џаја на Твитер се пожалила на непријатностите што ги доживеала во супермаркет во Лондон, кога вработен и рекол дека нејзината облека не е во согласност со кодексот на облекување во нивната компанија.
Имено, таа отишла во продавница во тренерки, маичка која откривала малку од стомачето и откопчан дуксер кој го облекла, а работник од супермаркет и рекол дека е „речиси гола и дека не треба да биде таму“, пренесува „Daily Star“.
Џаја на социјалните мрежи објавила детали од оваа ситуација, но и видео на кое се слуша како работникот вели:
„Речиси можеме целосно да го видиме вашето тело. Менаџерот ќе дојде сега“.

Девојката додава дека тој тогаш и рекол дека не се почитува доволно себеси и дека ги прекршила правилата на однесување на нивната компанија.
„Не е работата дека ти не се почитуваш, туку дека ние во компанијата имаме правила“, се слуша на снимката.
„Вечерва вработен ми рече дека не носам доволно облека, дека не се почитувам, дека сум речиси гола и дека не треба да бидам таму. Искрено, ова е најодвратното однесување што сум го доживеала“, напишала Џаја со видеото.
На нејзината објава одговориле од супермаркетот, во кој и се заблагодариле што го свртела вниманието, додавајќи дека тоа „не се правила на однесување на компанијата“, и дека им е многу жал за искуството што го имала. Тие додале дека разговарале со менаџерката на продавницата за инцидентот и ја прашале како можат да се откупат.
Многумина реагирале на овој настан, а една девојка коментирала дека „би било одлично ако мажите престанат да се однесуваат како полицајци кои ја контролираат женската облека“.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …