(ВИДЕО) Најбараната манекенка на светот објави расплакани фотографии: Испрати важна порака!

Бела Хадид, една од најбараните манекенки во моментов во светот, објави неколку фотографии на кои плаче, откривајќи дека често се чувствува несигурно и вознемирено.
Помладата сестра на Џиџи Хадид изјавила дека инспирацијата за објавување фотографии од тежок период во нејзиниот живот дошла кога ќерката на Вил Смит, Вилов, зборувала за сè низ што поминувала.
Бела на Инстаграм сподели серија фотографии на кои плаче, а потоа им се обратила на своите следбеници.
„Вилов, те сакам тебе и твоите зборови. Ме прават да се чувствувам помалку осамена и затоа сакам да го објавам ова. Понекогаш сè што треба да слушнете е дека не сте сами. Затоа ви велам – не сте сами. Сакам да знаете дека секогаш има светла на крајот од тунелот и дека тобоганот секогаш во одреден момент целосно застанува“, напиша меѓу другото познатата манекенка.
Во јануари годинава Бела зборуваше за нејзината борба со тешка депресија и анксиозност уште од тинејџерските години.
Таа признала дека заминала на пауза од социјалните мрежи за да се концентрира на своето ментално здравје.
„Одвојте време за вашето ментално здравје. Секогаш се исплати да го искористите целиот свој потенцијал“, рече тогаш таа.


View this post on Instagram

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …