Кога минувачите се обиделе да го одведат, животното избегало
Фотографиите од верното милениче што седи до оградата на мостот во Кина ги растреперуваат дури и најтешките срца. Сведоците изјавиле дека очекувало неговиот сопственик да се врати по трагедијата на 30. мај. Тој побегнал кога минувачите се обиделе да го одведат …
На ова место, неговиот сопственик си го одзел животот на споменатиот ден.
Фотографиите првично биле направени од случаен минувач, откако забележал куче како чека на мостот. Тој имал намера да посвои куче, се обидел да го однесе во петокот, но животното избега, пишува Дејли Меил.
Ду Фан, директор на здружението за благосостојба на животните во Вухан, ја видел објавата на човекот и започнал со локалните доброволци да го бара животното.
Г-дин Ду им рекол на новинарите дека кучето го придружувал својот сопственик до мостот вечерта на 30. мај.
„Побаравме од надлежните лица на мостот да проверат што точно се случило. Беше навистина темно, не можевме да видиме многу на снимките од надзорната камера“, рекол Ду во петокот. Сепак, тие виделе доволно – дека човекот се самоубил со скокање од мостот, а кучето останало да го чека со денови.
Организацијата за заштита на животните издала соопштение за сите волонтери, дека се’ додека не се најде кучето, тие нема да престанат со потрагата. Веста за тоа стигнала и до социјалните мрежи, каде сите се обединиле што поскоро да го пронајдат кучето.
„Срамота е што такво лојално куче останува на улица“, рекол Ду.
(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ – Куче 4. дена стоело на мост и гледало во водата: Оваа приказна ги растреперила и најтврдите срца!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.