Војводата и војвотката од Кембриџ по малку нервозно се смееле на шегата на Марго Роби за „Мегзит“ за време на говорот кој го одржала на доделувањето на наградите БАФТА.
Кејт и Вилијам биле почесни гости на 73. доделување на наградите на Британската филмска академија кое се одржало во „Ројал Алберт Хол“. Наградата за најдобар спореден глумец ја освоил Бред Пит за улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“.
Скарлет Јохансон по прогласувањето открила дека Бред Пит не можел да дојде па наместо него наградата ќе ја преземе неговата колешка од филмот Марго Роби. Додека ја одвиткувала хартијата со говорот кој, според нејзини зборови, го напишал Бред, Марго го оправдала со приватни обврски.
„Па вели:’Здраво Британијо, слушам дека само што си станала слободна, добре дојде во клубот. Ти сакам се најдобро во преговорите за разводот, бла, бла, бла“, почнала Роби.
По заблагодарувањето на Академијата, на Тарантино и останатите, Марго ја земала статуетката.
„Вели дека ќе ја нарече Хари бидејќи е многу возбуден што ќе ја однесе назад во Америка. Негови зборови, не мои“, се пошегувала глумицата, а камерата се префрлила на Кејт и Вилијам кои се смееле.Кејт го погледнала Вилијам, а Британците мислат дека му било многу непријатно.