(ВИДЕО) По ова прашање на новинарот Мел Гибсон веднаш го прекинал интервјуто!

АКТЕРОТ и режисер Мел Гибсон ненадејно го прекинал интервјуто на Fox News откако бил прашан за инцидентот на Оскарите.
Гибсон го прекинал интервјуто откако водителот Џеси Вотерс го прашал за конфликтот меѓу Вил Смит и Крис Рок на Оскарите.
„Можеби ова го разбирате подобро од другите, со оглед на тоа каква е вашата кариера. Што ќе се случеше ако станевте и го удривте Рок, дали ситуацијата ќе беше иста?“, прашал Вотерс.
Актерот на ова незгодно се насмеал и дал сигнал дека не сака да одговори на прашањето, а потоа се вклучил и неговиот ПР менаџер кој рекол дека времето за интервјуто истекло.


Гибсон е познат по проблематичното однесување пред и зад камерата. Актерот беше уапсен во 2006. година под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба во Малибу и им давал антисемитски коментари на полицајците, за што подоцна се извини, велејќи дека коментарите биле дадени „во момент на лудило“.
Кратко време беше на црната листа на Холивуд, но во 2017. година беше номиниран за најдобар режисер за Hacksaw Ridge со Ендрју Гарфилд во главната улога.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …