(ВИДЕО) ПАР СЕ ВЕНЧАЛ ВО КОВИД БОЛНИЦА: Изговориле „ДА“ додека состојбата на малдоженецот му се влошувала па завршил на респиратор!

Свршеници од Велика Британија истовремено завршиле во болница поради вирусот корона, а потоа таму се венчале. Двојката успеала да се венча само неколку моменти пред младоженецот да биде ставен на апарати за дишење.
Елизабет Кер (31) и Симон О’Брајан (36) биле пренесени во универзитетската болница Милтон Кинс во Велика Британија на 9. јануари.
Персоналот на болницата побрзал да ја организира свадбената церемонија, бидејќи состојбата на младоженецот се влошувала. Тој не бил интубиран за да се одржи церемонијата, а парот сега се опоравува во болница, пренесува Би-Би-Си.


Двојката планирала да се венча во јуни. Двајцата добиле корона и заедно биле пренесени во болница. Тие беа сместени во различни крилја на болницата.
Кер, која инаку е медицинска сестра, им раскажала на своите колеги за нејзините планови, а тие ја прашале дали сака да се омажи во болницата. Нејзе и било кажано дека тоа може да биде нивната „последна шанса“.


Меѓутоа, додека вработените работеле на обезбедување на дозволата за венчавка, состојбата на младоженецот се влошила и тој на 12. јануари бил пренесен на интензивна нега, за да биде сместен таму на апарати за дишење. Чекале со интубацијата за да се одржи венчавката.
Откако рекле „да“, го ставија на апарати за дишење.

Извор:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …