(ВИДЕО+ФОТО) БИЛЕ НЕРАЗДЕЛНИ 70. ГОДИНИ: Маж и жена починале од корона во ист ден – неколку минути еден по друг!

Двојката, која 70. години била неразделна, починала од коронавирус, држејќи се за раце во болница во Охајо, каде се лекувале и чекале на вакцината.
Дик Мик (89) и Ширли Мик (87) починале во размак од само неколку минути на 16. јануари во болницата Риверсајд во Колумбос, Охајо, соопштило нивното семејство.
„Никогаш не мораа да го доживеат она ‘сè додека смртта не не раздели’. Никогаш не мораа да го поминат тоа затоа што беа заедно и затоа сме многу благодарни“, изјавила нивната ќерка Деби Хауел за Си-Ен-Ен.
Првата доза на вакцина за двојката требало да ја прими на 16. јануари, на 90-тиот роденден на Дик Мик.
Двојката се запознала во средно училиште и оттогаш се неразделни.
„Читате за љубовта на прв поглед и мислите дека тоа не е можно. Па, за татко ми, тоа беше љубов на прв поглед“, рекла нивната ќерка Вики Харпер. Двојката ја прославила 70-годишнината од бракот на 22 декември.

Двојката имала пет деца, 13. внуци и 28. правнуци и убав живот, соопштило нивното семејство. Тие го обиколиле светот, скокале од авион, организирале специјални забави за изненадување за правнуците. И тие биле секогаш заедно.
„Тие не беа типични 90-годишници“, рекла Деби Хауел. „Двајцата беа здрави, живи луѓе, целосно свесни и луцидни. Сè се случи толку брзо“, додала таа.
Било откриено дека парот е позитивен на корона на 26. декември откако доживеале симптоми налик на настинка. По неколкудневни симптоми, тие биле тестирани и оттогаш сè тргнало во надолна линија. Дик бил примен во болницата на 2. јануари, а Ширли два дена подоцна. И двајцата имале проблеми со дишењето.


Бидејќи нивната состојба се влошувала, тие морале да бидат префрлени во други болници, но вработените во регионалниот медицински центар Косконото се ангажирале и ветиле дека и двајцата ќе бидат префрлени на Риверсајд.
„Од 8. јануари ситуацијата одеше нагоре и надолу. Имаше денови кога бевме оптимисти и верувавме дека ќе се извлечат од тоа, но нивните бели дробови се повеќе се влошуваа“, рекла Хауел.
Кога лекарите му рекле на семејството дека на нивните родители им преостануваат уште само неколку дена живот, тие побарале да бидат сместени во иста просторија. Не сакавме да ги разделиме бидејќи тие беа заедно цел живот“, рекла Хауел. „Сакавме да се држат за раце. Сакавме да бидат заедно. Сакавме да ја слушаат нивната омилена музика“, рекла таа, а персоналот на болницата сторил сé што било побарано.


 

Една од медицинските сестри снимила два часа омилена музика на парот и им ја пуштала додека парот се држел за рака. Прво починала Ширли, а неколку минути подоцна и Дик.
„Сестрата ја стави главата на мама на рамото на тато. Потоа му пријде, го потчукна по рамото и му рече ‘Дик, можеш да одиш. Ширли те чека’“, рекла Хауел. „Неколку минути подоцна, и тој замина“.
Семејството вели дека се среќни што нивните родители отишле рака под рака и му се заблагодариле на болничкиот персонал што им го овозможил сето тоа. Прославата на нивниот живот ќе биде организирана на пролет.
„Ковид ни ги зеде и ве замолуваме сите да бидете внимателни“, велат од семејството.

Foto:privatna arhiva/printscreen CNN

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …