(ВИДЕО) Ова се 13. најсекси филмови на сите времиња: Колку од нив сте гледале?

Култниот трилер со Шерон Стоун, „Сирови страсти“ (Basic Instinct, 1992), беше прогласен за најсекси филм на сите времиња.
Сцената од филмот во кој Кетрин Трамел (Стоун) ги прекрстува нозете за време на испрашувањето стана дел од популарната култура и потег што многу жени го имитираа во последните децении, но исто така беше и сатиризиран во многу наврати.


Во филмот, кој Стоун подоцна го критикуваше за изјавата дека не знае дека публиката ќе и ѕирка под нејзиниот краток фустан, има и други жешки сцени, вклучувајќи го и сексот на главната хероина со детективот Ник Куран (Мајкл Даглас)
Филмот се нашол на врвот на листата на најсекси филмови на сите времиња според истражувањето на британскиот сајт OnBuy.com, во кое учествувале 2760 луѓе. Секој од нив морал да ги избере своите пет најсекси филмови од список со повеќе од 100 филмови, а изборот потоа бил намален на 13 наслови кои беа најпопуларни кај испитаниците.


За секој од нив, испитувачите потоа провериле колку пребарувања имало на Гугл, и вклучиле и некои други фактори, како на пример, колку пати луѓето барале голотија во комбинација со филм на YouTube и Google. Кога сето тоа го додале, трилерот на Пол Верховен со Стоун и Даглас се нашол на првото место.


Второто место го освои филмот „50 нијанси на сиво“, адаптација на роман на англиската писателка Е.Л. Ејмс. Филмот, кој беше погребан од критичарите, но и кој собра многу обожаватели, многумина го опишаа како меко порно.


Романтичната драма Животот на Адел (Blue Is The Warmest Color, 2013) се најде на третото место. Француски филм за лезбејска врска беше награден во Кан, но подоцна режисерот беше обвинет за малтретирање на неговата екипа.

Легендарниот Стенли Кјубрик исто така го најде своето место на списокот со последниот филм што го сними, „Очи широко затворено“ (1999).

На петтото место е романтичната драма Сурови намери (Cruel Intentions, 1999), а остатокот од првите 13 може да ги видите подолу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …