(ФОТО) ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА НАРЕДНИТЕ 10 ДЕНА: Промени во температурите нетипични за декември!

Во Македонија денес ќе биде претежно облачно, но и суво во поголемиот дел од земјата.
На југ, југоисток и исток, на места со дожд, во планинските области со слаб снег.
Ветерот е слаб и умерен, источен и југоисточен, повремено засилен, попладне слабее. Најниска температура од 0 до 5, највисока од 5 до 10 степени.
Претежно облачно и суво и во Скопје. Ветер слаб и умерен, источен и југоисточен.
Најниска температура околу 4, највисока околу 8 степени.
До понеделник облачно, со повремен дожд, на високи планини со слаб снег.
Во вторник расчистување, и од среда претпладне слаб мраз и магла, во текот на денот претежно сончево и потопло, само во четврток преодно наоблачување со дожд.
Такво време не очекува се до 23. декември, според прогнозата на accuweather.com, па се чини на онаа вистинска зима ќе почекаме.
Дневните температури ќе се движат од 8 до 10 степени, со исклучок на понеделник кога се очекуваат околу 6. степени.


Извор: accuweather.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …