(ВИДЕО) Огромното богатство на Џони Деп: Поседува 45. автомобили и 14. куќи, а овој список нема крај…

Неодамна се најде во центарот на медиумското внимание ширум светот, а неговото богатство е лудо големо
Судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп го следеше цел свет. Во тој процес, кој траеше долго, Деп успеа да ја докаже својата невиност.
Пред четири дена судот донесе пресуда, а многу навивачи пред судот ја чекаа конечната одлука.
Амбер ќе мора да му плати на Џони Деп 15 милиони долари, како што наведе поротата во своето излагање, за различни точки од обвинението. Сепак, Амбер Херд освои и 2 милиони во борбата против Деп.
Животот на овој познат актер е и тоа како скап, а неговиот поранешен финансиски менаџер изјавил дека Деп само во периодот од 1999. до 2016. година заработил неверојатни 600. милиони долари!
Месечно трошел 100. илјади долари на лекари кои му помагале да ја излечи зависноста и двојно повеќе по персонал.


Големи суми пари трошел на вили, луксузни патувања, приватни авиони… Верувале или не, тој поседува 14. куќи, чие купување и одржување во еден момент изнесувало 75. милиони долари. Меѓу тие имоти е и замок во Франција, а актерот поседува и група острови на Бахамите.
Деп очигледно е голем љубител на автомобили, судејќи по бројот на милениците на четири тркала, кој изнесува 45! Во тој возен парк има и скапоцени винтиџ модели на „Ролс Ројс“.
За јахта издвоил 18. милиони долари, а интересно е да се напомене дека трошел по 30. илјади долари месечно на вина кои ги набавувал низ светот. Вложувал и во разни видови антиквитети, накит, гитари, уметнички дела …

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …