(ВИДЕО) Одличен десерт: Полиен колач без брашно!

Овој десерт ќе го обожувате, едноставен е и не содржи брашно…
Состојки:3 јајца, 100 г шеќер, 1 шолја (од 100 мл) млеко, 1 шолја гриз, 1 шолја масло, 100 г мелени бисквити, 100 г мелени ореви, 1 лажица какао, 1 кесичка прашок за печиво, рендана коричка од портокал, 1 кесичка ванилин шеќер.
Прелив: 200 г шеќер, 200 мл вода, сокод 1 портокал.
Подготовка: изматете ги јајцата со шеќерот, додајте гриз, масло, млеко, бисквити, мелени ореви, печиво, какао, ванилин шеќер и рендана коричка од портокал. Се убаво измешајте и истурете во тавче намачкано со масло и наросено со брашно. По површината нафрлете малку сечкани ореви и се ставете во рерна загреана на 200 степени. Оставете да се пече околу 35. минути.
Во соодветен сад ставете ги водата, шеќерот и сокот од портокал, а кога ќе зоврие, на средна температура, варете околу 5 минути.
Врелиот колач исечете го на коцки и полијте со сирупот.
Оставете да се излади и да ја впие течноста.
Ова е фантастичен растресит колач со преубав вкус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …