(ВИДЕО) ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР – Џони Деп се враќа на големото платно, погледнете ја трансформацијата за новата улога

Објавен е трејлерот за филмот „Jeanne du Barry“ со Џони Деп во главната улога, а обожавателите на актерот можат да видат уште една негова трансформација.
Деп не е виден на големото платно од судскиот процес за клевета против неговата поранешна партнерка Амбер Херд, а поради нејзините обвинувања беше означен како непожелен за голем број холивудски проекти.
Затоа, неговите обожаватели се особено возбудени поради претстојниот француски биографски филм „Jeanne du Barry“.
Во „Jeanne du Barry“, по сценарио и режија на Maïwenn и Tedy Lussi-Modeste, Деп го игра Луј XV, а Maïwenn ја игра Мадам ду Бери.


Други членови на актерската екипа се Пјер Ричард, Ноеми Лвовски, Бенџамин Лаверне, Мелвил Поупо, Паскал Грегори и Индија Хер
Филмот ја следи приказната за Жан Воберние, млада жена од работничката класа која е гладна за култура и задоволство и ја користи својата интелигенција и привлечност за да се искачи на општественото скалило.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …