(ВИДЕО) НОВ ПОЧЕТОК – СЛУЧАЈНО УБИЛ КОЛЕШКА НА ФИЛМСКИ СЕТ, А СЕГА СЕ ВРАТИЛ НА СНИМАЊЕ: Познатиот актер открил што му е најтешко по ТРАГЕДИЈАТА

Откако во октомври минатата година ненамерно ја уби директорката на фотографија, Халина Хачинс, на сетот на филмот „Рѓа“, актерот Алек Болдвин се врати на работа.
Актерот во видео објавата на Инстаграм ги известил своите следбеници дека се вратил на работата, и дека и покрај тешкотиите, првиот ден од снимањето завршил успешно.

This image has an empty alt attribute; its file name is halina-nacins.jpg


– Првиот ден е секогаш тежок. Не работам многу како порано. Одам на работа и заборавам што треба да правам. Сега ми е чудно кога се вратив на работа. Не сум работел од 21. октомври минатата година, кога ми се случи таа ужасна работа на снимањето. Почина Халина Хачинс – изјавил актерот, кој моментално го снима филмот „97 минути“, во видеото.
Во своето обраќање Болдвин додал дека сепак му било многу тешко да се врати на работа.

This image has an empty alt attribute; its file name is alek-boldvin-izjava.jpg


– Сè уште ми е тешко да го кажам тоа. Но, се вратив на работа, беше интересно. Тимот е многу вреден, цел ден се на нозе – изјавил Болдвин и додал дека за него е многу поинаку да работи со помлад тим и ограничен буџет.

Да потсетиме, Алек Болдвин во интервју на почетокот на декември минатата година изјави дека никогаш повеќе нема да може да снима улоги со оружје и дека воопшто не му е грижа дали повторно нема да глуми по кобниот настан.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …