Ако сте едно од оние лица кои не би сфатиле ако некој флертува со нив ниту дека дека некој држи плакат со натпис „Ова е флерт“ во рацете – вие сте на вистинското место. На Reddit се дискутирало како да се препознае флертувањето, односно како да се препознае љубезност од додворување.
„Луѓето на кои им оди флертувањето, на кои знаци треба да внимаваме ние, луѓето кои не го препознаваме тоа?“, прашал еден корисник на Редит, а одговорите почнале да доаѓаат.
Значи, доколку забележите дека некој се однесува вака кон вас, голема е веројатноста дека се додворува:
„Ако гледаат во вас додека разговараат со својот пријател, тоа е добар знак“.
„Каква е положбата на телото на таа личност додека разговара со вас? Дали е свртена кон вас или од вас?“
„Физички контакт. Се разбира, не сите флертуваат на ист начин, но ако ве допира додека зборувате или ако забележите дека се смее додека комуницирате, тоа е добар знак“.
„Некаде прочитав дека ако некој ве гледа откако некој (не мора вие) се пошегува и сите се смеат, тоа значи дека и се допаѓате на таа личност. Според моето искуство, тоа е вистина“.
„Само пуштете некоја лоша фора. Ако забележите смеа или барем насмевка иако трикот е толку лош, на таа личност и се допаѓате“.
„Кога некој ќе ве пофали за нешто што воопшто не е за пофалба, односно не е ништо посебно“.
„Ако некој поминува многу време со вас“.
„Нема сигурно нешто според која што можете тоа да го сфатите. Сите велат дека треба да барате контакт со очите, да внимавате на вашето држење итн. И, се разбира, има одредена вистина во тоа, но не треба да очекувате некој да ги забележи сите овие работи И уште поважно – не сите луѓе се однесуваат исто. Според моето искуство, секој има такво чувство што им кажува дека некому се допаѓаат. Верувајте му на тоа чувство“.