(ВИДЕО) Неверојатни бројки: Еве колку луѓе го гледале интервјуто со Меган и Хари

Повеќе од 49,1 милиони луѓе низ целиот свет го гледале интервјуто на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган, објави во вторникот американската телевизиска мрежа CBS.
Интервјуто во кое парот обвинуваше за расизам и расправии во рамките на британското кралско семејство беше емитувано во неделата на CBS и во понеделник на британската ITV, и сè уште е достапно на платформите за стриминг.
CBS објави дека гледаноста на интервјуто е сè уште голема, а целиот разговор ќе се емитува повторно во петок во САД.


Мрежата потврдила дека двочасовното интервју е најгледаниот настан во недела во ударен термин во повеќе од една година, а кој не е „Супербоул“, кој обично привлекува околу 100. милиони гледачи и е најгледаниот телевизиски настан во Соединетите држави.
Интервјуто, во кое Хари и Меган го обвинија кралското семејство за расизам и за тоа дека не ги заштитиле од негативните медиумски извештаи, беше првото големо интервју на двојката откако од Велика Британија се пресели во САД и ги напушти кралските должности. Меган зборувала за самоубиствени мисли, а Хари рекол дека неговиот татко, принцот Чарлс, го предал.
Меган исто така рекла дека членовите на кралското семејство биле загрижени за бојата на кожата на нивниот син Арчи пред неговото раѓање, како и дека Бакингемската палата ја ускратила безбедноста на детето.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by RoyalTeaWithJam (@royalteawithjam)


Кралицата Елизабета Втора и нејзиното семејство во вторникот објавија дека се тажни кога дознале за искуствата на принцот Хари и Меган и дека ќе го решат прашањето на расизмот.
„Целото семејство е тажно кога дозна колку за Хари и Меган биле предизвикувачки изминатите години. Отворените прашања, особено во врска со расата, се загрижувачки. Иако некои спомени може да се разликуваат, тие се сфаќаат многу сериозно и семејството ќе ги реши приватно“, изјавиле од Бакингемската палата, додавајќи: „Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството“.

Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …