(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН ПРИЗОР – Болидот е снимен на чешкиот автопат кон Германија

Возачите на автопатот во Чешка снимиле необична глетка, а тоа е автомобил во „Ферари руво“ што наликува на оние од серијата GP2
Автомобилот е снимен на автопатот Д4 кој води од Прага до границата со Германија. Возењето вакво возило е нелегално, а сличен случај полицијата истражувала и во 2019. година откако автомобилот бил забележан на истиот автопат. Сопственикот на автомобилот бил пронајден, но тој тврдел дека не бил во кокпитот. Полицијата тогаш немала докази, па тој останал неказнет.


Овој нов случај ги натерал корисниците на интернет да се потсмеваат на сметка на Ф1 тимот на Ферари за неговите стратешки грешки кои доведоа до неколку лоши резултати.
Исто така, во коментарите се наведува дека звукот на болидот е многу подобар од оној на актуелните Формула 1 болиди.
Неофицијално, овој пат полицијата го пронашла возачот и го привела.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …