(ВИДЕО) Не стигнале до породилиштето: Мајка објавила неверојатно видео од породување во автомобил

Мајката на три деца, Дешаи Фад, на TikTok го опишала своето неверојатно искуство со породувањето во автомобил додека таа и нејзиниот сопруг се возеле во болница. Како што објаснила на објавеното видео, на автопатот имало страшна гужва и многу брзо сфатиле дека нема навреме да стигнат до болница. Иако породувањето во автомобил на сред автопат изгледало како невозможна задача, тие немале друг избор.

@deshaifudd Storytime of my Daughters delivery! #fyp #foryoupage #tiktok #explore #baby #babyfever #laboranddelivery #birthstory #birthstorytime #labor #pregnant #newborn #newbabyborn #family #storytime ♬ You Are My Sunshine – Kina Grannis


„Заглавивме во сообраќајот и моравме да ја запреме полицијата бидејќи ни требаше придружба за што поскоро да стигнеме со бебето во болница“, напишала таа во описот на видеото, на кое можете да видите како цврсто во нејзините раце го држи новороденото девојче. Неверојатното видео од породувањето за кратко време стана вирално, а досега го погледнале над 12 милиони луѓе.
„Неверојатно, секоја чест за тебе. Ти си супержена“, „Ова е само доказ дека жените навистина можат се“, „Честитки, навистина брзаше да излезе“, се само дел од коментарите на луѓето кои и се восхитувале на оваа храбра мајка.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …