Не ви требаат алатки за стилизирање на косата
Една корисничка на TikTok по име Кена Меккелан сподели трик за виткање на косата што го воодушеви понежниот пол.
Имено, таа ја завиткала косата со помош на пластични кеси за само неколку минути. Кена ја завиткала косата многу едноставно, како што е прикажано на видеото, а потоа преспала со ќесите.
Кога се разбудила и ги извадила ќесите, останале совршени локни.
@kennarwood I was very surprised how much I liked these ones😂 I have the tutorial pinned on how I do this method of heatless curl!! #heatlesscurls #plasticbagcurls #heatlesshair #leggingcurls ♬ Dream Lover – Bobby Darin
Резултатот ги воодушевил сите, што можело да се прочита и во коментарите под објавата. Тоа е доказ дека не ви требаат алатки за стилизирање за да добиете совршена фризура.
Фото: Принтскрин/TikTok