Водителот на Радио-телевизијата на Србија (РТС) стана хит на социјалните мрежи откако се „телепортираше“ во студиото за време на преносот на Светското првенство во Катар.
„Сега одиме во Доха, од каде што вечерва се јавува колегата Душан Албијаниќ. Душан, добра вечер. Се гледаме и се слушнеме“, рекла водителката Драгана Косјерина.
После тоа на екранот се појавил Душан кој се „телепортирал“ од Катар.
„Добро вечер во студио. Добро вечер Белград. Добро вечер Србија“, рекол тој.
@srdzans Šta kažete? #rts #tv #pretplata #srbija #balkan #fudbal #uzivo #ludilo #magija #srdzans ♬ original sound – srdzans
Овој обид за иновација на РТС ги насмеал гледачите, а видеото е вирално и на TikTok.
„Сепак, не плаќаме за џабе ТВ претплата“, напишал еден корисник на споменатата социјална мрежа.
„Сега ќе исчезнам“, се пошегува друг.
„Душан абракадабра холограм“, е исто така еден од коментарите.
Фото: Принтскрин/TikTok