(ВИДЕО) Над САД прелетел метеор -куќите се треселе

Во недела навечер, над Вермонт некои делови на Канада била забележана огнена топка како лета со брзина од околу 67 000 км/ч.

Агенцијата NASA Meteor Watch на Фејсбук напишала дека околу 17 часот и 38 минути по локално време, околу стотина луѓе виделе метеор, односно огнена топка тешка околу 10 килограми и околу шест сантиметри во дијаметар.
Метеор е метеороид кој влегол во атмосферата на Земјата. Кога ја напушта атмосферата оставајќи многу светла трага на светлината, тоа се нарекува огнена топка.


„Немаше звук. Бев многу возбуден кога го видов, никогаш нема да го заборавам”, рекол Ал Бургорич од Јужен Бурлингтон, пренесува Си-Ен-Ен.
„Бранот предизвикан од воздушниот притисок можел да предизвика помали вибрации“
Метеорскиот часовник на НАСА наведува дека многу веројатно станува збор за фрагмент од астероид.


„Веројатно дошло до насилна фрагментација на вселенската карпа по што воздушниот притисок при експлозија или распаѓање на астероидот предизвика треперење на објекти на Земјата“, соопштила агенцијата.
„Бранот предизвикан од воздушниот притисок можеше да предизвика помали потреси. Во основа, поради љубезноста на мајката природа, убав мал огномет“, додал тој.
Жителите на Бурлингтон изјавија дека слушнале силен татнеж по што почувствувале потресување, пишува ABC 7.


Илустрација: NASA

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …