Аеродромските писти обично се одвоени и оградени заради безбедност, но онаа на грчкиот остров Скијатос е толку блиску до патот и плажата Ксанемос на брегот на Егејското Море што авионите при слетувањето летаат многу ниско, само неколку метри над луѓето.
Тоа најдобро го докажува видеото објавено на сервисот Јутјуб, а на кое се гледа слетувањето на Airbus A321neo од неколку агли.
Бучавата и глетката за некои се страшни, додека на други ова искуство им е возбудливо и самите сакаат да бидат сведоци на таков момент.
Меѓу присутните имало и такви кои само уживале во глетката, додека други се фотографирале и го снимале авионот.
Фото: Принтскрин/YouTube