Како што известуваат од УХМР од денеска попладне до недела под влијание на циклонска активност на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење и град.
Времето денес (12.08 2022 год.): Променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
T= 29 °C, P= 978 hPa, U= 38 %, V= 4 m/s.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 5 Дојран, Берово, 4 Дебар, Виница, 3 Претор, 2 Битола, Лазарополе, Д. Капија, 1 Крушево, Маврови Анови, Крива Паланка.
До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 л/м2.
Во овој период наместа ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен дожд. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.
Според УХМР, во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење пранење и град.
Од Управата препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрично празнење, како и да не се престојува на отворен простор под осамени дрвја.