(ВИДЕО) МУ ОДРЖАЛА ЛЕКЦИЈА: Нападнал девојка и зажалил!

Насилник нападнал девојка која шест години тренира ММА, а набрзо се покајал.
Врсничкото насилство е проблем во училиштата ширум светот. Насилниците преку слабите се обидуваат да изградат „репутација“ на опасни.
Се појавило вирално видео на кое се гледа дека насилникот се обидел да ја нападне девојката, но набрзо се покајал што воопшто се обидел.
На снимката од средното училиште во долината Сонома во Калифорнија се гледа како девојка брутално тепа момче кое се обидело да ја малтретира.
Веќе шест години таа тренира ММА, па решила дека и е доста од малтретирањето и одлучила да реагира.
Таа се соочила со насилник кој ја навредувал и ја полил со вода, а таа го соборила на земја и неколку пати го удрила со коленото. Насилникот останал на подот.


Ваквите сцени не се пожелни во училишниот двор, но покажуваат дека е можно да се одбраните од насилниците.

Нападнал шампион во бразилско џиу-џицу
За жал, ваквите напади се чести, а слично се случило кога непознат маж го нападна 16-годишниот Алекс Вилијамс, светски шампион во бразилско џиу-џицу, па доживеал слична судбина како момчето од претходното видео.
Поранешниот шампион Кејџ Вориорс Алекс Енлунд е тренер на Вилијамс и тој го објавил ова видео.


„Возрасен човек напаѓа 16-годишник кој е повеќекратен јуниорски светски шампион во бразилско џиу-џицу. Алекс покажа смиреност, воздржаност и храброст да ја реши оваа ситуација.
Запишете ги децата во училиште за боречки вештини. Малку е веројатно дека ќе стане насилник поради понизноста што се учи на душеците“, изјавил Енлунд.
Вилијамс не сакал да го повреди човекот кој го нападнал. Тој го искористи своето знаење за да го запре и да спречи тој да биде повреден.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …