Силвестер Сталоне на пошироката јавност и е познат како актер, но малкумина знаат дека е успешен и како сликар.
Сталоне слика веќе неколку децении, но не сакал да биде претерано експониран.
Неговите дела сега се изложени во Остхаус, еден од најпознатите германски музеи на современа уметност.
Актерот имал две помали изложби во Русија (2013) и Франција (2015), но оваа изложба е посебна по тоа што ги вклучува неговите уметнички дела од доцните 60-ти до денес.
Изложбата е наречена „Магијата на битието“ (The Magic of Being), а Сталоне на отворањето рекол дека само уметноста има способност најблиску да одговори на прашањето „Што е животот?“ Тој нагласил дека таа го менува светот и дека дизајнот практично претходи на се. Тој исто така додал и дека сликањето е одлична терапија.
Погледнете ги неговите дела во галеријата:
Фото: Принтскрин/www.stalloneart.com/Instagram