(ВИДЕО) Младоженец со својата урнебесна шега предизвикал поделени реакции

Обична свадба станала сè само не обична кога младоженецот им покажал на свадбарите што има во рака.
Мајк Ресендез го снимил младоженецот и го објавил видеото на социјалните мрежи, каде поради неговиот потег „полуделе“ повеќе од 20. милиони луѓе.
На таа снимка се гледа младоженецот, непосредно пред свадбата, пред олтарот како го врти мобилниот кон сватовите, во моментот кога клекнал покрај својата идна сопруга.
На телефон напишал: „Помош“.

@mrjexer


Wedding day blues!!!

♬ original sound – Mike Resendez999


На некои им се допаднала шегата, а други сметаат дека таков потег бил сосема непотребен.
„Во ред, тоа беше шега, но ова не беше ниту место ниту време за тоа. Како негова партнерка, ова многу би ме налутило“, „Да ми го направеше мене ова, ќе ми го скршеше срцето“, се само дел од коментарите.
Не се знае како реагирала невестата, а најдобро би било да знаела што ќе се случи, односно шегата да биде наменета само за гостите.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …