(ВИДЕО) Мистерија на сликичката број 313: Светот по грешка го видел убиството на Џон Кенеди

За филмот на Запрудер слушнале многу луѓе, единствената снимка од атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди. Точно 486 сликички настанале тој сончев ден во ноември 1963. година во Далас.
Зад камерата стоел кројачот Абрахам Запрундер и во тие 26. секунди на филмот е забележано едно од најопасните злосторства.
Меѓутоа, малку е познато дека Запрундер лично барал да не се објави една сликичка од целиот филм. Сликичката со број 313 му правела ноќни кошмари затоа што на неа јасно се гледа моментот кога куршумот го исфрлува мозокот на Кенеди.


Требало да мине повеќе од една деценија, после убиството во Далас за да американската и светска јавност конечно ја види и таа клучна сликичка.
Запрундер за 150.000 долари, авторските права, ги продал на магазинот „Лајф“, но јасно рекол дека не сака да биде објавена таа сликичка. Не сакал тоа зло да го пушти во американската колективна свест, а и „Лајф“ го делел неговото мислење.
Секако, некој го објавил целиот филм, заедно со сликичката 313. Тој некој бил Хералдо Ривера, славен телевизиски водител. Кога тој во 1975. година првпат го покажал целиот филм, американската јавност видела нешто за што само читале и така се родиле првите теории на завери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …