(ФОТО) Што и да допрат претвораат во злато: На што се’ Обами ќе заработат вистинско богатство!

Оваа година Обами ќе ги собират плодовите од својот труд. Наскоро би требало да стартува серијата инспирирана со нивните животи, а во ноември ќе излезат мемоарите на Мишел Обама кои се нејзина искрена исповед.
Бившиот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел се во сериозни преговори со Нетфликс, тврдат New York Times и CNN.
Дури 118. милиони претплатници на Нетфликс ќе можат од прва рака да дознаат детали од животот на еден од најомилените парови на Америка.


Некои говорат дека Барак ќе се појави само како модератор и дека серијата всушност ќе се заснива на приказните од животот на првата дама. Но, едно е сигурно – Обами нема да ја критикуваат работата на новиот претседател Доналд Трамп, туку ќе се базираат на многу инспиративни човечки приказни. Иако деталите за серијата треба да се финализираат, на сите им е јасно дека покрај
бившиот претседател ќе биде ангажирана и неговата сопруга Мишел.
Нетфликс знае дека Обами се’ што ќе допрат претвораат во злато. Неодамна Барак се појавил кај Дејвид Летерман, а гостувал и во реалното шоу на Бер Грилс – „Running Wild”.
„Обами веруваат во моќта на говорот и инспирацијата. Зависни се од приказна која ги инспирира луѓето и која светот го менува на подобро. Сакаат да ги охрабрат и другите да ги споделат своите приказни“ рекол Ерик Шулц, бившиот соработник на Барак Обама за „Тајмс“.

„Тајмс“ исто така известувал дека „Амазон“ и „Епле“ се заинтересирани за потенцијални договори со Обама, но не сакале да откријат никакви детали.Мишел на воодушевување на бројните фанови на Инстаграм објавила дека нејзината книга мемоари со наслов „Becoming” ќе излезе на 13. ноември 2018. година.

Открила дека пишувањето на оваа книга и било интимно и длабоко искуство во кое конечно можела искрено да се осврне на важните настани во својот живот.
Во оваа книга ќе говори за своето созревање и како патем го створила својот
„јак глас“ со кој се обидува да ги оснажи сите оние кои ја окружуваат. Бившата прва дама проговорила за моментите од нејзиниот живот кои ја дефинираат, но дава увид и во успесите и падовите и ситуациите во животот кои ја разочарале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …