Меланиа Трамп е загрижена поради спорната политика на раздвојување на семејството при илегално влегување во САД, велејќи дека „мрази кога децата ги одвојуваат од родителите“.
Покрај тоа изразила надеж дека и’ демократите и’ републиканците во Конгресот на САД конено ќе можат да се договорат за да спроведат успешна имиграциона реформа.
„Мораме да бидеме земја која ги почитува сите закони, но и земја која владее со срце“, соопштила првата дама на САД, а соопштението го објавила нејзината портпаролка, Стефани Гришам.
Нејзиниот коментар следел поради се’ пожестоките контроверзи поради имиграционата политика „со нулта толеранција“ која ја спроведува нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, на границата помеѓу САД и Мексико.
АП оценува дека за Меланиа не е вообичаено да се меша во жестоката политичка дебата, но забележува дека таа конкретно не ја обвинила политиката на „нулта толеранција“ на администрацијата на Трамп, која довела до пораст на бројот на деца кои на границата се одвојуваат од семејствата.
Имиграционата политика на Трамп ја критикувала и бившата прва дама Лора Буш, нарекувајќи ја „неморална“. Во изминатите шест месеци биле забележани околу 2.000 раздвојувања на семејства, откако САД ги вовеле острите мерки против илегалните минувања на границата.
При тоа, возрасните кои америкнските власти ќе ги фатат дека незаконски ја минуваат границата, а меѓу кои многумина планираат во САД да побараат азил, се сместуваат во притвор и се соочуваат со кривично гонење, додека стотици деца се испраќаат во прифатни центри и се одвојуваат од родителите.
VIDEO: Democratic and Republican lawmakers up the ante on the deeply controversial issue of separating migrant children from their parents at the US border, as First Lady Melania Trump makes a rare plea to end the practice pic.twitter.com/BxWwjvIIX9
— AFP news agency (@AFP) June 18, 2018
Групите за заштит на човековите права ја критикуваат таквата политика, како досега невидена.
Инаку, претседателот Трамп вели дека за ваквата ситуација е виновен „законот кој демократите и го дале на САД“, но не е јасно на кој точно закон мисли,пренесува BBC.
Во твитот објавен во саботата Трамп ги повикал демократите со републиканците да работат на изработување на нов закон, додека критичарите укажуваат дека политиката на одвојување на децата од родителите е политика која јавниот обвинител Џеф Шешонс ја најавил минатиот месец како и дека за запирање на таа политика не е потребна одлука на Конгресот.
Во исто време, аналитичарите велат дека значајна промена претставува одлуката на Министерството за правда кривично да ги гони родителите поради првото илегално минување на границата, додека деца не се товарат кривично, што значи дека не можат заедно да бидат во затвор.