Додека фановите на една од најпопулрните серии „Игри на престолите“ со нетрпение ги очекуваат новите епизоди за да дознаат „кој ќе извлече жива глава“ во последната сезона, а особено кога станува збор за членовите на семејството Старк, се чини дека една глумица со својата тетоважа тоа и’ го открила.
Судејќи според тетоважата на Софи Турнер која го толкува ликот на Санса Старк, се чини дека токму таа ќе преживее во последната сезона.
„Осамениот волк ќе умре, но стадото ќе преживее“ е познат цитат на таткото на Санса, Нед Старк од првата сезона, според која и настанала тетоважата, која и не им е омилена на фановите бидејќи сметаат дека ѕвездата на серијата само што го открила крајот на „Игри на престолите“ делумно и поради цитатот кој ги испишала на раката под цртежот на волк.
Фотографијата ја објавила жената која на Софи и ја направила тетоважата
а коментарите на неа биле многу негативни.
„Навистина ќе преживее?“, „Дали е ова спојлер“, „Самошто ја уништи последната сезона“, се само некои од коментарите на загрижените фанови на серијата кои сепак не можат со сигурност да кажат дали славната глумица го открила крајот или тетоважата ја направила само за да го одбележи крајот на својата улога. А, можеби цитатот едноставно толку и се допаѓа што одлучила засекогаш да го има на раката.
https://instagram.com/p/BjzNHEIll6g/?utm_source=ig_embed