Марина Овсјаникова, новинарка на руската државна телевизија, беше уапсена откако упадна во кадарот зад водителката и носела антивоен слоган за време на емитувањето на дневниот весник.
Пред да се реши на овој чекор, таа на социјалните мрежи објавила видео во кое меѓу другото вели дека тоа што се случува на украинска територија е агресија.
– Одговорноста за оваа агресија лежи на рамениците само на една личност, Владимир Путин – рекла таа.
Овсијаникова, која влече корени од Украина преку нејзиниот татко, исто така ги повикала Русите да присуствуваат на антивоените протести во земјата со цел да побараат прекин на војната, и покрај задушувањето на демонстрантите.
„Само ние имаме моќ да го запреме сето ова лудило… Не можат сите да не ставам во затвор“, рекла таа.
Групата за граѓански права ОВД-Инфо објави дека Овсијаникова е приведена во Москва набргу по нејзиниот протест.
– Ова што се случува во Украина е злосторство, а Русија е агресорот. Одговорноста за оваа агресија лежи на рамениците на една личност. Таа личност е Владимир Путин. Татко ми е Украинец, мајка ми е Русинка и тие никогаш не биле непријатели. Ѓерданот околу мојот врат е симбол кој вели дека Русија мора итно да ја прекине братоубиствената војна додека нашите братски народи можат да се помират. За жал, последниве години работев за Канал 1, работев на пропаганда на Кремљ и длабоко се срамам од тоа. Се срамам што дозволив да се пренесуваат лаги на телевизија. Се срамам што бев дел од „зомбите“ на рускиот народ. Бевме тивки во 2014. година кога се’ започна. Не излеговме да протестираме кога Кремљ го отру Навални. Само го гледавме тој античовечки режим. И сега цел свет не оттурна. И следните десет генерации наши генерации нема да се измијат од срамот на оваа братоубиствена војна. Ние сме Руси: Мислечкии, интелигентни. Само во нашата психичка сила е да го запреме ова лудило за момент. Излезете да протестирате. Не плашете се од ништо. Не можат сите да не затворат“, рекла таа.
Marina Ovsyannikova, the woman who ran onto a live state TV news broadcast, even recorded a message beforehand. In it, she says her father is Ukrainian. She calls for anti-war protests, says she’s ashamed about working for Kremlin propaganda, and she denounces the war absolutely. pic.twitter.com/nOpUY9bH74
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) March 14, 2022
Овсијаникова би можела да се соочи со затворски казни според новововеденото руско законодавство кое го криминализира ширењето на се што се смета за „лажна вест“ за руската војска. Оние кои се законски виновни може да се соочат со казна затвор до 15. години. Може да се соочи и со правни последици за поттикнување „граѓански немири“ со тоа што ќе им каже на Русите да протестираат.
Руската државна телевизија во голема мера ја прикажа руската инвазија на Украина како одбранбена „специјална воена операција“ чија цел е „ослободување“ на Украина и заштита на граѓаните во регионот на Донбас, кој Русија го анектираше од, како што Путин лажно го наведува дека е украински „геноцид“.
Во меѓувреме, Русија ги забрани Фејсбук, Твитер и Инстаграм, како и голем број независни руски медиуми кои беа критички настроени кон војната.
Последната вест врзана за Овсијаникова е дека таа е казнета со 250. долари, но времето ќе покаже каква ќе биде нејзината, ако ја има, висринска казна.
Извор: zenit.ba