(ВИДЕО) Непрепознатливиот Абрамович: Еве како изгледа сега сопственикот на „Челзи“

РОМАН АБРАМОВИЌ, рускиот олигарх вреден речиси 13. милијарди долари и сопственик на „Челзи“, исчезна од јавноста откако продолжи руската агресија и окупација на Украина, а тој е под удар на санкциите на ЕУ и Велика Британија.
Тој само издаде соопштение во кое вели дека го продава „Челзи“, но британската влада го спречи тоа. Сега, кога конечно е „уловен“, камерите го снимиле во ВИП салонот на аеродромот во Тел Авив, каде што чекал лет за Истанбул.
Според телевизијата Nexta, Абрамович, вториот најбогат Израелец, ја напуштил една од своите три татковини (има државјанство на таа земја, Русија и Португалија) кога дознал дека Израел нема да им помогне на руските супербогаташи да се сокријат од санкциите на САД и ЕУ.


На сликите е очигледно дека Абрамович е целосно побелен, а има и несредена брада. Велика Британија му го замрзна целиот имот на своја територија, а ЕУ го стави на листата на руски милијардери кои се под санкции како дел од притисокот врз агресорот и окупатор Путин.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …