Кралицата на поп-музиката, Мадона, неодамна повторно отпатувала за Кенија, каде заедно со нејзината непрофитна организација „Raising Malawi“ ги посетила децата во сиропиталиштето.
Како што може да се види на нејзиниот Инстаграм, таа повеќе од една недела поминува со децата во сиропиталиште во Кенија. Таа претходно донирала пари за да основа училиште, библиотека, болница, а сега отворила и свое студио за танцување, „Madame X Dance Studio“, за да им помогне на девојчињатаи момчињата без родители да работат на себе и да ги развиваат своите таленти.
View this post on Instagram
„Ова е многу важно за мене, не само затоа што ја сакам Кенија приватно, туку и затоа што таму има многу млади, паметни и талентирани деца кои само чекаат да им се даде шанса. Хуманоста е причината поради што сме живи“, изјавила Мадона за „Daily Mail“.
View this post on Instagram
„2020 година беше тешка за целиот свет, но во Кенија секоја година е тешка. Особено за деца во сиропиталиште. Ме исполнува што знам дека основав место каде децата можат да сакаат, учат и да се развиваат“, додала таа меѓу другото.
View this post on Instagram
Видео и фото: instagram.com/madonna/